Доводот на кислородот и инсталацијата за него не биле дел од тендерот за модуларните болници

244

Според првичните сознанија од она што можеше да се види како снимки од пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември, станува збор за неверојатно брзо проширување на пожарот и неколку експлозии.

Едно од можните објаснувања за брзината на ширењето на пожарот, според експертите, е и концентрацијата на чист кислород во ковид болницата.

Материјалите горат од една искра или мал пламен, доколку се во средина, атмосфера од збогатен кислород, велат експертите. Според нив, пожарот во Тетово, односно неговата брзина и реакција не можела да се случи во атмосфера со обичен, нормален воздух. Оттука, истрагата треба да даде одговор и на тоа дали имало грешки во ракувањето со кислородот во ковид болницата во Тетово, анализира МКД.мк.

Она што е исто така интересно е дека доводот на кислородот и инсталацијата за него не била дел од тендерот за 19-те модуларни болници. Набавката, инсталацијата на кислородот и одржувањето е обврска на болницата во чиј склоп е модуларната болница, ни одговорија од Министерството за здравство.

Прашање е и дали техничките приеми или примопредавањата на модуларните болници биле извршено со или без инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување кои се задолжени да издадат или не дозвола за користење доколку објектите ги исполнуваат мерките за заштита од пожари и експлозии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.