Дожд и засилен ветер за време на празничниот викенд

Во петок и за време на викендот во попладневните часови се најавува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе се движат од 24 до 33 степени. Веќе од понеделник повторно се очекува стабилизирање на времето.

Стабилното и сончево време ќе се задржи уште утре кога ќе дува умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 18 степени, а максималните од 24 до 35 степени.