Дождливо и студено време денеска

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со дожд и грмежи, а на повисоките места ќе има врнежи од снег.

Утринските температури се од еден до осум, а дневните од осум до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 13-от степен.