Дождот не заобиколува, од утре нови жештини, температурите до 40 степени

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, пет литри на квадратен метар наврна во Лазарополе, а три во Дебар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР потсетуваат дека времето денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер над 60 километри на час од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Од Управата најавуваат дека следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.