Турскиот суд осуди во петокот двајца поранешни полициски началници на доживотни затворски казни поради учество во убиството на ерменскиот новинар Хрант Динк, пред повеќе од 14 години.
Уредникот на двојазичниот турско-ерменски неделник Agos и тојап најпознат турски новинар од ерменско потекло во светото, Хрант Динк беше убиен од огнено оружје во јануари 2007 година, кога излегувал од редакцијата на весникот во Истанбул, потсетува турската државна новинска агенција Anadolu. По неговата ликвидација, во центарот на Истанбул тогаш во знак на протест и тажење се собраа неколку десетици илјади луѓе.
Во 2011 година неговиот егзекутор Огун Самсат беше осуден на релиси 23 години затвор на судот за малолетници, бидејќи во времето на извршувањето на злосторството имаше 17 години. Во јануари следната 2012 година на доживотен затвор поради поттикнување на убиството беше осуден Јасин Хајал.
Со денешните пресуди на доживотен затвор поради улогите кои ги имале во атнетатот врз ерменскиот новинар се осудени поранешниот началник на полициската разузнавачка служба Али Фаут Јилмаз, без можност за условно ослободување, и исто така поранешниот полициски началник Рамазан Акјурек.
Според турските медиуми, судот пресудил дека убиството е извршено во согласност со целите на тајната мрежа на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кого САД одбиваат да ѝ го испорачаат на Турција. Анкара го обвинува за формирање паралелна мрежа во образованието, правосудството и безбедносните сили како и поврзаност со обидот за воен удар од јули 2016 година.
Ѓулен, кој во минатото беше политички покровител на сегашниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, уште во 1999 година пребега во САД, а потоа стана противни на Ердоган. Тој негира дека заедно со неговите приврзаници е вмешан во неуспешниот обид за државен преврат со многу жртви и ранети.
Во врска со случајот на ерменскиот новинар, Европскиот суд за човекови права во Стразбур на Турција ѝ наложи да испрали 100.000 евра отштета на семејеството на Динк, тврдејќи дека турските власти пропуштиле соодветно да го заштитат, иако се знаеле дека ултранационалистите подготвуваат негова ликвидација
Динк беше активен во обидот за историско помирување меѓу христијанските Ерменци и муслиманските Турци и постојано беше прогонуван поради наводно „навредување на сѐ што е турско“. Му беше забележувано за изјавите за ерменскиот идентитет и за османлискиот масакар над Ерменците од 1915 година, кој многу главно западни замји го потврдија како геноцид, влошувајќи ги односите со Анкара.