ДПА е за избори 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

Демократска партија на Албанците (ДПА) смета дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, со почитување на препораките.

„Нашето мислење како ДПА е дека избори треба да има, но во зависност од развојот на коронавирусот. По завршување на вонредна состојба и 22 дена потоа, наш став е дека може да има избори почитувајќи ги препораките од здравствените институции. Претседателот не може да ја тргне вонредната состојба ако не се почитуваат мерките и ако нема образложение од институциите“, рече денеска Азем Садику од ДПА по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Тој повика да се почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.