Др Кунгуловски: Носењето маски на отворено, каде што нема висока концентрација на луѓе, е тотална глупост

59

Владата на на 11-тата седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде, па дури и на отворено.

Д-р Горан Кунгуловски во изјава која ја пренесе КАЈГАНА  ја аргументира неоправданоста на мерката за задолжително носење заштитни маски на отворено, како и важноста од едукација на населението за правилно користење на маските.

-Носењето на маски во затворени простории, невентилирани простории, места со голема концентрација на луѓе и слично е една од најдобрите стратегии за намалување на пренесувањето на коронавирусот SARS-CoV-2 и сите останати сезонски вируси коишто следуваат. Докажано е преку експерименти и модели дека индивидуалното и колективното носење на маски ја намалува веројатноста на една индивидуа да зарази друга и статистички таа индивидуа да зарази трети индивидуи. Значи носењето на маски има значаен ефект и поради тоа нѐ заштитува сите, смета д-р Кунгуловски.

„Но носењето на маски на отворено, каде што нема висока концентрација на луѓе, кадешто нема долготрајна концентрација на луѓе е тотална глупост. Нема никаква научна основа, нема никаков здравствен бенефит (освен што можеби како шалче ќе ни ги топли лицата зимоска), туку само директно и непотребно ги нарушува слободите на граѓаните. Единствен начин кога е прифатливо слободата да се намали или наруши (да се направи trade off) е кога во прашање се доведува животот и здравјето на индивидуите во едно општество. Носење на маски на отворено, не е тоа“, дециден е д-р Кунгуловски во неговата објава на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.