Др Пановски апелира да се затворат ноќните клубови до Нова година, ги спореди со биолошки бомби

Во скоро време беше донесена одлуката да им се дозволи на ноќните клубови да работат, но јас апелирам таа одлука да се укине до Нова година и повторно да им се забрани на ноќните клубови да организираат забави, рече во петокот микробиологот др Никола Пановски во гостувањето на Канал 5.

„Ноќните клубови се практично биолошки бомби за ширење на коронавирусот. Младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе. Исто така, сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски. Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста. Затоа, апелирам до луѓето да не се групираат, а ако веќе мора да се групираат, тогаш да носат заштитни маски и да држат дистанца“, рече др Пановски.