Драфтот во НБА 2020 ќе биде одложен за јули или август

Сè уште нема официјално соопштение, но неколку извори во НБА лигата очекуваат драфтот за 2020 година да биде презакажан за јули или август, објави инсајдерот Адам Загорија.

Минатата среда, НБА ја прекина сезоната по откривањето на коронавирусот кај кошаркарот на Јута Џез, Руди Гобер.

Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи кон средината или крајот на јуни.

По Гобер, уште десетина играчи од најсилната светска кошаркарска лига станаа позитивни на вирусот.