Драган Ковачки ќе биде технички министер за внатрешни работи

243

Драган Ковачки, потполковник во АРМ, е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада што лидерот на партијата, Христијан Мицкоским, му го презентираше на премиерот Зоран Заев на средбата попладне во Владата, дознава Нетпрес.

Ковачки доаѓа од редовите на АРМ и е со чин полковник, а претходно има минато низ сите скалила. Учесник е во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Има завршено повеќе високи школи и обуки во САД и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена академија во Македонија.

Има успешно завршено обуки во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризмот. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. Механизирана пешадиска бригада , началник на секција за операции и борбена готовност во 1. Механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Хрватска. Родител е на две деца, и е од Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.