Драган Пикси Стојковиќ следните три години ќе ја води фудбалската селекција на Србија

Поранешниот фудбалер на Црвена ѕвзда и повеќекратен репрезентативец на поранешна Југославија, Драган Стојковиќ Пикси, во средата беше и официјално промовиран за селектор на најсилната репрезентација на Србија.

Во Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Стојковиќ во средата потпиша тригодишен договор според кој на селекторската должност треба да мине три години, до крајот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Со одлуката на Извршниот совет на ФСС, Пикси Стојковиќ го наследи на местото селектро Љубиша Тумбакович кој беше отпуштен во декември, откако репрезентацијата не успеа да ја однесе на европското првенство.

Играчката кариера Драган Пикси Стојковиќ ја започна во Раднички од Ниш, а настапуваше и за Црвена ѕвезда, Олимпик Мареј, Верона и во јапонска Нагоја.

За репрезентатцијата на Југославија одигра 84 натпревари, а како тренер ги водеше кинескиот Гуангжи Сити, и Нагоја во која и ја заврши играчката кариера.