Драгана Д. Чифлиганец: Татко ми ме научи на посветена работа и грижа за вработените

Извршната директорка на градежната компанија „Адора инженеринг“ го објаснуваше патот низ кој таа 13 години  успешно чекори во семејниот бизнис, тема на која со панелисти од земјата и регионот, таа дебатираше на самитот Македонија 2025, кој се одржа во Скопје.

Посветена работа, грижа за вработените и филантропија, се најважните нешта што мојот татко и шеф ми ги пренесе во наследство, како фокус во работењето. Со оглед дека семејството е пред сè, не е едноставно да се докажуваш во семејниот бизнис, да балансираш и да бидеш успешен во предизвиците кои изобилуваат со сензитивност, некогаш меѓу два огна да го најдеш најдоброто решение и сите да бидат задоволни. Вака д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна директорка на градежната компанија Адора инженеринг го објаснуваше патот низ кој таа 13 години  успешно чекори во семејниот бизнис, тема на која со панелисти од земјата и регионот, таа дебатираше на самитот Македонија 2025, кој се одржа во Скопје.

„Вработените, нивната постојана едукација и усовршување, мотивирање и наградување, се од најголема важност за успешна работа на секоја компанија, каде тимот треба да функционира како едно семејство со иста визија и вредности“, вели Драгана Чифлиганец, потенцирајќи дека таткото, докажаниот бизнисмен и стопанстеник проф. д-р Ванчо Чифлиганец, тоа длабоко им го всадил нејзе и на нејзиниот брат, како императив во работењето, проширувајќи ги вложувањата, во спортот, културата и општеството со околу 5 милиони евра и многу љубов за изградба на подобар, похуман и порамноправен свет.

Зборувајќи за генерациските судири во семејниот бизнис, Драгана Д. Чифлиганец, докажан поборник за воведување нови, пионерски решенија, како ИСО стандардите, енергетски ефикасните домови и континуираната грижа за клиентите, потенцира дека во зацврстување на нејзината позиција во компанијата најважни биле упорноста и доследноста, успешно реализираните проекти, дипломатските вештини, незаземање страна, користњето на „џокерите“ како ќерка и вработена во вистинско време и пред сè, задоволството на клиентите, како најрелевантен критериум.

 

Самитот Македонија 2025 што по осми пат се одржа во Скопје, со околу 400 домашни и странски учесници од областа на бизнисот, претприемништовото, лидерствотото, иновациите, технологиите и борбата против загадувањето, се стреми нашата држава да биде рамноправна со европските, за што секој поединец може да даде личен придонес во изградба на подобар стандард и подобро општество.