Драги: На Украина и треба нов Маршалов план

Италијанскиот премиер Марио Драги смета дека на Украина и е потребен „Маршалов план“ сличен на оној што ги зближи САД и Европа по Втората светска војна.

Драги овој свој став го искажа за време на доделувањето на наградата во Атлантскиот совет во Вашингтон, соопшти прес-службата на италијанската Влада.
-Мораме да бидеме подготвени уште долго време да и помагаме на Украина. Неговите уништени градови, фабрики, опустошените полиња со земјоделски култури ќе бараат огромни финансиски инјекции. На Украина и треба сопствен Маршалов план, сличен на оној што некогаш ги спои Европа и САД. Мораме да обезбедиме зачувување и зајакнување на демократските институции во земјата, рече Драги.

Според него, руската инвазија на Украина ги зајакнала врските ЕУ-САД, доведе до изолација на Москва и покрена голем број прашања за Кина.

-Овие предизвици ќе останат уште долго време. Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина, да и ја испорачаме сметката на Русија, прифаќајќи го последниот пакет санкции, но мора да постигнеме и прекин на огнот, рече италијанскиот премиер.