Драгич нов играч на Чикаго Булс

Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгич ја продолжува кариерата во НБА лигата како нов челен на екипата на Чикаго Булс.

Драгич го најави минувањето во Булс на почетокот на јули, но сега е објавено дека кошаркарот ќе потпише едногодишен договор во вредност од 2,9 милиони долари.

Во редовите на Чикаго, Словенецот доаѓа од тимот на Бруклин Нетс, а претходно во НВА играше и за Феникс Санс, Хјустон Рокетс, Мајами Хит и Торонто Репторс,

За 36-годишниот Драгич ова е 15-та сезона во најсилната кошаркарска лига на светот. Во тој период просечно постигнуваше по 13,7 поени по натпревар. Минатата сезона во Нетс имаше просек од 7,5 поени и 4,1 асистенции по меч.

Во сезоната 2017/2018, додека настапуваше за Мајами Хит, Драгич играше на Ол-стар натпреварот, а во 2020 година со истиот тим дојде до финалето на НБА лигата во кое беа поразени од Лос Анџелес Лејкерс.

Минатата сезона Булс во регуларната сезона завршија на шестото место со 46 победи, а беа елиминирани во првото коло од доигрувањето од Милвоки Бакс.

Чикаго на својот Twitter профил објави дека Драгич ќе ја носи бројката 7 на дресот, којашто своевремено во истиот клуб ја носеше Хрватот Тони Кукоќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.