Драма на Шар Планина, се изгубија 19 лица (ВИДЕО)

Деветнаесет српски државјани цели 18 часа беспомошно лутале по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла, пренесува во неделата вечерта Курир.мк.

Седум македонски планинари тргнале да ги бараат низ Шар Планина за по пет часа конечно да ги пронајдат и спасат.

Српските планинари, преморени и исплашени, им се заблагодарија на македонските планинари, бидејќи како што рекоа, ги спасиле во последен час.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.