Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер доживеа тешка повреда на главата при скијање на Алпите. Славниот германски возач веднаш со хеликоптер бил префрлен во болница во Греноблу, а несреќата се случила во близина на скијачкиот центар Мерибел.
„Во прв момент не можев да видам колку е сериозна повредата. Беше во шок и потерсен. Удрил со глава во камен, но носел кацига,“изјави Кристоф Герињон Леком, директор на Мерибела.
Шумахер е голем љубител на скијањето и има своја брвнара во Мерибел, а од Формула 1 се повлече по вторпат во декември минатата година.