Драма во ЛШ: Интер елиминиран, Реал и Борусија минаа

UEFA Champions League Group B soccer match between Inter and FC Shakhtar Donetsk at Giuseppe Meazza stadium in Milan 9 December 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Во драматичната разврска од Групата Б во фудбалската Лига на шампионите во средата вечерта, пласман во осминафиналето изборија Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах, Шахтјор оди во Европската лига, а Интер го заврши годинешното учество во континенталните натпреварувања.

Во песрет на последните 90 минути сите четири екипи од Групата Б можеа да се пласираат во осминафи алето, а на крајот се радуваат фудбалерите на Реал Мадрид кои со 2:0 ја совладаа Борусија Менхенгладбах, но се радуваа и германските фудбалери и покрај поразот.

На Борусија, всушност, ѝ помогнаа Интер и украински Шахтјор кои на милански „Сан Сир“ одиграа без голови. А кој и да погодеше во Милано ќе одеше натаму, но вака тимот од Менхенгладбах првпат во својата историја се пласира во осминафиналето од најелитното континентално натпреварување. Шахтјор како утеха ќе продолжи во Лига Европа, додека Интер останува без осминафинале во Лигата на шампионите трета сезона со ред.

Шпанскиот великан на својот „Сантијаго Бернабеу“ поведе веќе во 10 минута, кога Лукас нафрли а Карим Бензема одлично заби со глава. Германците можеа да израмнат во 24 минута, кога Плеа изби сам пред домашниот голман, но шутираше крај голот. За тоа казната стаса веќе во 31 минута, кога Родруго мајсторски нафрли, а Бензема повторно со глава погоди за 2:0. Одличната ноќ францускиот напаѓач можеше да оствари „хет-трик“ во 73 минута, но неговиот удар заврши во стативата.

Бензама стана само петтиот играч кој во натпреварувањето по групи во Лигата на шампионите постигнал најмалку 50 погодоци, по Лионел Меси со 71, Кристијан Роналдо со 67, Раул со 53 и Руд ван Нистелрој со 50 погодоци.

Во вториот дуел од групата Интер и Шахтјор бараа победа за натамошен пласман, но повеќе се грижеа први да не примат гол. Така одиграа разочарувачки 0:0, а најблиску до погодок беа „Нераѕурите“ кога во 7 минута Лаутаро Мартинез ја погоди пречката.

Реал освои 10 бодови, Борусија 8, исто колку и Шахтјор но украинскиот состав е послаб во меѓусебните соочувања, а Интер е последен со 6 бодови.

 

Во Групата А, минхенски Баерн и пред последното коло го обезбеди првото местио, а за второто се бореа РБ Салцбург и Атлетико Мадрид. За австрискиот шампион само победа беше во игра, додека за „Јорганџиите“ доволен беше и бод. Сепак, гостите на крајот победија со 2:0, прво во 39 минута поведоа со голот на Марио Ермос на нафрчување од Јаник Караско кој постигна погодок во 86 минута.

Баерн во Минхен со идентитечен резултат го победи московски Локомотив. Никлас Шуле во 63 минута ги доведе во водсво актуелните европски прваци, кои конечната победа ја обезбедија преку Максим Чупо-Мотинг во 80 минута.

Конечниот редослед во оваа група е: Баерн со 16 бодови, Атлетико со 9, РБ Салцбург освои 4 со кои оди во Лига Европа, а Локомптив остана последен со три бода.

 

Во Групата Ц, Манчестер Сити и Порто претходно го осигураа осминафиналето, а се чекаше одговор на прашањето кој ќе продолжи во Лига Европа. Оломнијакос и Марсеј беа бодовно израмнети, а грчкиот тим беше во преднос во меѓусебниот сооднос. На крајот тоа беше пресудно, зашто и двете екипи доживеаја порази.

Марсеј беше поразен на гостувањето кај Сити со 0:3, додека Олимпијакос дома загуби од Порто со 0:2. „Граѓаните“ победија со погодоците на Феран Торес во 48, Сергио Агуеро во 77 и Рахим Стерлинг во 90 минута, дода за Порто стрелци беа Отавио Монтеиро во 10 минута од пенал и Урине во 77 минута.

Манчестер Сити е прв во групата со 16 бодови, Порто има 13, а Олимпијакос и Марсеј по три бода. Грчкиот претставник од во Лига Европа затоа што дома победи со 1:0, а на гости загуби со 1:2, па реши голот постигнат на гостински терен.

 

Во Групата А, Аталанта во Амстердам со голот Колумбиецот Луис Муриел во 85 минута го совлада Ајакс, во решавачкиот меч со што му се приклучи на Ливерпул кој пред едно коло го обезбеди осминафиналето. Гостите во тој момент имаа играч повеќе, бидејќи во 79 минута поради два жотли картона беше исклучен Рајан Гравенберх

„Редсите“ на гостувањето кај дански Мидтјиленд одиграа 1:1. Во Хернинг гостите поведоа по 55 секунди игра кога Мохамед Салах им ја одзема топката на домашните одбранбени играчи и со подоста среќа ја втурна во противничката мрежа. Со тоа Египѓанецот со 22 погодока стана најдобриот стрелец на Ливерпул во историјата во Лигата на шампионите. Домашните израмнија од пенал во 62 минута а стрелец беше Александер Шолц. До крајот на мечот беа постигнати уште по еден гол на двете страни, но беа поништени по асистенција на ВАР-от, на домашните во 77 минута поради офсајд а на госите во 90 минута поради игра со рака.

Ливерпул со 13 бодови го освои првото место, Аталанта со 11 заврши како втора, Ајакс со 7 бодови ќе продолжи во нокаут фазата на Лига Европа, а Мидтјуленд освои два бода.