Драма во Заечар: Ја убил сосетката, застрелал полицаец, па се самоубил

Во источна Србија, во Заечар, во текот на ноќта се случи  злосторство во кое загинаа три лица, меѓу кои и еден полицаец, јавува телевизијата Н1.

Повеќечасовната драма го доби својот епилог околу 1.30 часот кога Специјалната антитерористичка единица (САЈ) изврши акција со која заврши крвавата драма. Првите истрели се слушнале околу 22 часот во станбена зграда.

По пријавата на граѓаните се појавија полициски службеници кои ја блокираа целата населба. Од тој дел на градот се слушнале експлозија и пукотници.

Утрово МВР на Србија соопшти дека Д.З. испукал два проектила кон полицајците. Полицаецот И.Ѓ. (28) од повредите починал во болница. Непосредно пред да пристигне полицијата, Д.З пукал и ја убил сосетката В.Ѓ. (62).

Некои медиуми објавија дека двајца полицајци се повредени, но таква информација нема во полициското соопштение.

По пукањето, напаѓачот се забарикадирал на поткровјето од зградата и по извесно време се самоубил. Засега не е познат мотивот за нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.