Драма за време на полицискиот час: Се возел по празните улици, го сопрела полицијата и …

На 06.06.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во 15,40 часот во близина на бензинска пумпа во с.Студеничани, скопско полициски службеници од СВР Скопје за време на забраната за движење додека извршувале редовни работни задачи го застанале И.Ш. (22) од с.Студеничани кој управувал патничко моторно возило „лада самара“ со скопски регистарски ознаки. При обид за негово легитимирање тој се обидел да избега и физички нападнал еден од полициските службеници, по што бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.