Драстично намален водостојот на повеќето реки, алармантна е ситуацијата со Преспанското Езеро!

Водостоите на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења. Некои се преполовени, а подрастични намалувања бележат Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје.

Измерени се извесни покачувања во однос на просекот, на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Струмица кај Сушево.

Охридското и Преспанското Езеро се исто така под просекот, но бележат и дополнително снижување за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден. Водостојот на Преспанско Езеро е 11 сантиметри под апсолутниот минимум. Кај нивото на Дојранското Езеро нема промени. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.