Дрејмонд Грин: Леброн е најдобар на сите времиња

Дрејмонд Грин застана на страната на Леброн Џејмс, кога е во прашање вечната дебата кој е подобар меѓу него и Мајкл Џордан.

„Леброн започна во 2003, а веќе во 2005 беше најдобар на светот. И на врвот стои долги години. Без разлика на промените во лигата, тој успеваше да се адаптира и да го задржи статусот меѓу големата конкуренција. Сегашниот талент е далеку подобар од оној во минатото. Сигурно дека постарите нема да се согласат во тоа. Мајкл никогаш не ја победи и не беше втор зад најдобрара екипа на сите времиња. Не постои дилема, Леброн е најдобар на сите времиња!“, изјави Грин.