Дрекслер достапен на Арсенал за 45 милиони евра

Близок извор до таборот на германскиот бундеслигаш Шалке, откри дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал нема да успеат во намерата за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Шалке, Џулијан Дрекслер.

“Раководните лица на Шалке добро знаат дека можат да заработат околу 45 мил. евра за услугите на Дрекслер доколку фудбалерот биде продаден за време на летниот преоден рок. Истите се убедени дека 20-годишниот играч за врска вреди најмалку 45 мил. евра и дека истиот не смее да биде продаден за помала парична сума. Дрекслер може да биде продаден на Арсенал за време на зимскиот преоден рок, но понудата на лондонскиот клуб мора да биде неморална, нешто сензационално, понуда која ќе го задоволи големиот апетит на Шалке. Јас сум убеден дека Дрекслер ќе остане во Гелзенкирхен до крајот на актуелната сезона. Исто така, челниците на Арсенал се информирани дека зимскиот преоден рок во Германија завршува во 17:00 часот и до тогаш не можат да најдат квалитетна замена за Дрекслер”, изјави блискиот извор до таборот на “кралските сини”.