Дрекслер не сака да го соблече дресот на Шалке

Најголемиот талент во редовите на германскиот бундеслигаш Шалке, Џулијан Дрекслер, потврди дека нема да си замине од Гелзенкирхен за време на летниот преоден рок.

Репрезентативецот на Германија веќе подолг временски период важеше за најголема желба на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, а раководните лица на Шалке на неколку пати повторија дека 22-годишниот играч за врска ќе добие дозвола за промена на клупската средина доколку понудата за неговите услуги не е помала од 40 мил. фунти.

„Апсолутно немам таква намера за промена на клупската средина, немам намера да си заминам од редовите на Шалке за време на летниот преоден рок. Знам дека ќе има многу шпекулации околу мојата иднина за време на преодниот рок, но најголема е веројатноста дека дресот на Шалке ќе го носам и во новата клупска сезона.
Во изминатата сезона Дрекслер настапи на 26 натпревари и постигна само два погодока, а договорот кој го има со Шалке му завршува во 2018 година.