Дрекслер уште три години во ПСЖ

Германскиот фудбалски репрезентатувец Јулина Дрекслер го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до летото 2024 година, објави францускиот тим во понеделникот.

Дрекслер во ПСЖ дојде во јануари 2017 година од Волфсбург, а новиот договор 27-годишниот играч за врска за парижаните го врзува три години.

Дрекслер за ПСЖ досега одигра 172 натпревари во кои постигна 24 голови и впиша 39 асистенции.

Откако Германецот дојде во клубот, ПСЖ освои десет титули, од кои три се првак на Франција од 2018 до 2020 година, а беше и финалист во Лигата на шампионите минатата сезона.