Дресот на Леброн Џејмс продаден за 3,7 милиони долари

Дресот со кој Леброн Џемјс ја освои титулата во најсилната кошаркарска лига на светот – американската НБА лига, настапувајќи за тимот на Мајами Хит во 2013 година е продаден во петокот за 3,7 милиони долари, а на истото наддавањето во Њујорк продаден е и еден фустан кој го носела починатата британска принцеза Дијана.

Дресот на кошаркарот Леброн Џејмс стана третиот најскап на некоја аукција, по оној на Мајкл Џордан од НБА финалето од 1998 година кој беше продаден за 10,1 милиони долари, како и дресот кој аргентинската фудбалска икона Диего Марадона го носеше на Светското првенство во Мексико 1986 година кој лани беше продаден за 9,38 милиони американски долари.

Наддавањата на спортски предмети кои им припаѓале на славни играчи постигна вистински подем последните години. Новата продажба покажува дека побарувачката на таквите премети е „најголемата досега“, вели Брем Вочтер од аукциската куќа Sotheby’s.

На истото наддавањето во Њујорк во петокот е продаден фустанот без прерамки во длабоко виолетово свилено кадифе кој го носела принцезата Дијана. Фустанот го дизајнирал Виктор Еделштајн а е продаден за 604.800 долари во „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа на Twitter.

Фустанот, кој првично во Sotheby’s го проценија на сума меѓу 80.000 и 120.000 долари, бил дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дијана којашто беше продадена на наддавањето во 1997 година организирано во добротворни цели.

„Тогаш оваа креација на Еделштајн беше продадена за 24.150 долари и до петокот остана во истите раце“, објавија од Sotheby’s но не откриваат кој е новиот сопственик.

Медиумите потсетуваат во врска со тоа дека на аукцијата одржана во Лондон на 18-ти јануари, американската ѕвезда на шоу-програмите Ким Кардашијан ко купила крстот Аталах, луксузен приврзок украсен со аметисти и дијаманти кој го носела принцезата Дијана.