Дресот на Џордан продаден за 10,1 милион долари

Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби од Њујорк.

Станува збор за црвениот дрес на Чикаго Булс кој Американецот го носеше на првиот натпревар од НБА финалето против Јута во 1998 година, а сега е најскапиот продаден дрес во историјата, бидејќи го надмина дресот на познатиот фудбалер Диего Армандо Марадона. Станува збор за дресот што Аргентинецот го носеше на четвртфиналниот меч на Мундијалот против Англија во 1986 година, кога постигна гол „со божја рака“, а кој годинава беше продаден за 9,3 милиони долари.

Аукциската куќа Сотби проценила дека дресот на Џордан ќе се продава меѓу три и пет милиони долари, пренесува Танјуг.

Но, тоа што Џордан го носеше со Булси на првиот меч од финалето на НБА против Јута со 88:85 по продолжение, не влијаеше на цената на дресот.

Џордан на тој натпревар постигна 33 поени, а Чикаго подоцна стана шампион во НБА совладувајќи го тимот на Солт Лејк Сити со 4:2 во серија.

Тоа беше шеста и последна титула во НБА со Булс за легендарниот американски кошаркар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.