Дресот за Пеле продаден за 30.000 евра

Дресот кој Пеле го носеше на својот последниот натпревад со бразилската репрезентација е продаден за 30.000 евра на наддавање на спортски предмети кое во четвртокот се одржа во Торино.

Дресот на легендарниот Бразилец со бројот 10, Пеле го носеше на пријателскиот дуел Бразил – Југославија идгран во јули 1971 година на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, што беше неговиот последен репрезентативен настап.

Меѓу другите спортски предмени на аукцијата за 25.000 евра е продаден жолтиот дрес кој го носел Фаусто Копи на Тур д Франс во 1952 година кога вторпат победи на оваа најпозната велосипедска трка во светот.

Синиот дрес на торински Јувентус кој го носеше Лучано Спиноси во финалетот од тогашниот Куп на саемските градови во 1971 година е продаден за 9.400 евра, малку повеќе одколку дресот со бројот 10 на Аргентинецот Диего Марадона од Наполи во сезоната 1989/1990, кој беше продаден за 7.500 евра.

Бејзбол палката со која играше славниот кошаркар Мајкл Џексон во своето кусо занимавање со овој спорт, е продадена за 425 евра.