Кошаркарите на Франција запишаа историска победа против „дрим-тимот“ на САД на отворањето на Олимписките игри во Токио, откако во драматична завршница во која Американците имаа предност за триумф, Франција со феноменална трета четвртина и одличен финиш дојдоа до триумф од 83:76.
Американците на 3,40 минути пред крајот поведоа со 74:67, но следеше серија на Французите од 9:0 коишто на почетокот од последната минута поведоа со 76:74. Во својот следен напад Америакнците имаа дури четири шута од кои три за „тројка“, двапат Дјурант и еднаш Холидеј, одека еднаш под самиот обрач непрецизен беше и Адебајо. Откако Французите успеаја да оствар одбранбен скок на, Де Коло реализираше две слободни фрлања за 78?74. Потоа Лолард ја загуби топката и направи намерен фаул над Фурние со што дуелот беше решен.
За Французите ова е прва победа во седмата пресметка против „дрим-тимот“ на САД во историјата. А за американците пак прв пораз на ЛОИ по оној пораз во полуфиналето од Аргентина на Игрите во 2004 година.
По првото полувреме се чинеше дека Американците ќе стигнат до сигурна победа откако ја добија првата четвртина со 22:15, а на полувремето заминаа со предност од осум поени (45:37).
Но, така не мислеа Французите кои се феноменална одбрана во третиот период стигнаа до целосен пресврт. Предводени од Фурние и Де Коло, Французите ја добија третата четвртина со неверојатни 25:9, па пред последниот период од играта влегоа со предност од осум поени.
Но, „дрим-тимот“ во одличен ритам во последниот период на три минути пред крајот дојде до предност од 70:74. За да низ повторна серија и „тројката“ на Фурние на 53 секунди до крајот Франција поведе со 76:74.
Фурние со 28 поени ја предводеша Франција до победата, 14 поени постигна Руди Гобер а 13 поени запиша Нандо Де Коло. Кај Американците Холидеј заврши со 18 поени, Адебајо имаше 12 поени а Демијан Лилард – 11 поени. Кевин Дурант заврши со 10 постигнати поени.