Во саботата рано утрото околу 3,30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 51-годишниот Л.К. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што при преглед во неговото патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени бела прашкаста материја и стаклен предмет.
Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, стаклен предмет со остатоци од бела прашкаста материја и дигитална вага.
По документирање на настанот против Л.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.