Тинејџер, кој се претпоставува дека бил под дејство на дрогата мефедрон позната на меу меу, ја прободел мајка си, а потоа си го отсекол пенисот во семејната куќа во Хајвардс Хелт, Вест Сасекс . Инцидентот се случил на 29-ти ноември додека младиот Британец бил во домот на родителите по повод Божиќните празници.
Момчето, како што пишуваат британските медиуми, итната медицинска помош го пронашла како виси од прозорецот од неговата соба додека крв бликала од неговите препони.
Мајката и синот веднаш биле префрлени во болница поради повредите, кои според докторите, се опасни за нивните животи. Сепак, хирурзите од Универзитетската болница во Лондон успеале да му го зашијат пенисот и сега неговата здравствена состојба е стабилна.
Пријател на семејството за британски „Мирор“ вели дека тинејџерот е паметно и мирно момче кои неодамна почнало да експериментира со дроги.
„Се врати од универзитетот за Божиќ. Изгледаше како да зел мефедрон и комплетно откачи напаѓајќи ја мајка си, а потоа и себе“, вели соговорникот на „Мирор“.
Мефедрон, што инаку е препарат за прихрана на растенија, претходно беше познато како „легален хај“, но беше забранет за легална продажба во 2010 година. Се претпоставува дека по едно лице неделно умира од мефедрон, кој што младите го употребуваат како замена за екстази поради неговата активна состојка МДМА.