Другари Хари и Богданка, рекетот почна од Сеад Кочан!!! Орце е мало дете!!!

И така злобната и интригантна машина на СДСМ ги подаде роговите како се злоупотребуваат луѓе на кои утре треба едноставно да им кажеш после употреба фрли и да им дадеш епитет Сељаци.Е тоа ќе го доживеат многу брзо драгите Богданка Кузеска и Хари Локвенец. Да не се секираат првоспоменатите друштво им прават и Мила и Коста. Само Рада е вечна. Хахахха

На драгата Богданка не можам да разберам како не и е јасно што се случува. Она е намерно одбрана. Генерално за нејзе нема  сериозни информации за да ја декласираш политички. Затоа интригантите ја тераат да истрча на терен кој не го разбира како функционира. Односно нема познавања на оваа тема.

Драгата Богданка треба да знае дека пишувањата во necenzurirano.si е тесно поврзано со пишувањата во necenzurirano.info, а за кои нашите драги другари од Словенија ќе ни кажат само кратко, Македонија е колатерала во војната.

Драгата Богданка мора да разбере дека војната има два корена, а тоа е Трианон 04 Јуни 1920 кога Маџарска губи две третини од своите територии, а 3.3 милиони Маџари се на другата страна на границите. Вториот корен е далеку од антинато и проруски, туку антилевичарски и антисорос.

Ех драга Богданке, па СДСМ ги има сите алатки на Власта за да утврди дека споменатите медиуми се финансираат нелегално. Ама затоа е тука Богданка да ја истрчаат. Што не излезе Министерот за Финансии, Финансиско Разузнавање или пак Финансова Полиција да кажат за нелегално финансирање.

Драгата Богданка мислам дека не е ниту свесна кога кажа дека маџарско-словенско финансираните медиуми креирале лажни вести. Воопшто нема претстава каква квалификација даде на својата прва препознатлива конференција за медиумите.

Затоа тука е Шеќеринска Рада за да јас не губам Нада дека СДСМ се поголеми лудаци од нас опозиционерите со нејзината изјава: Нашето знаме на крилата на ескадрилата на САД на носачот на авиони Хари С. Труман. НАТО на дело.

А, да и другарот на Заев од мактел.мк е тука да бидеме во континуитет сигурни дека на другарите од власта им летнал голубот со текст посветен на Доналд Трамп: Портокаловиот орангутан му нема спас, жив е фатен со све, демократите ќе го докрајчат. 20.11.2019 во 22:34:22 часот.

Но.

Денес во нашата мила Македонија е многу тешко да ја задржиш човечноста и достоинството како вредност која ти носи статус во општеството на ниво на Господин Човек.

За разлика од некои пријатели од СДСМ кои се со архаичен речник на ниво на Стока од Човек, јас пак за г-динот Хари Локвенец многу долго време имам впечаток дека е Господин Човек. Одговорот е многу едноставен: ЕЛФАСКО.

За оние кои немаат информации Елфаско е основан како информатор, а подоцна е реформиран како магазин за студентите на Електротехничкиот Факултет. Убедливо најдобро четиво за студенти направено од 1990 година па наваму. Основачи се Хари, Голуб и Бане. Низ ова четиво поминале многумина пишувачи студенти, денес примерни граѓани на ова општество. И многумина зборуваат со пиетет за Хари како човек. Впрочем и јас имам убаво мислење за него како основач и секогаш Елфаско буди убави спомени.

Сепак Хари Локвенец, како и јас  се впуштивме во политика што не смее да се изедначува со тоа дека сме членови на Здружение на Клептомани и Платени Убици. Политиката е сепак идеја за подобро утре.

За разлика од мене Хари Локвенец како и неговата другарка од СДСМ се впушти на терен за кои нема елементарни познавања. Само затоа што е сериозно наивен и верува во некаква измислена “поголема приказна или поголема слика” се става во ситуација да биде третиран само како Партиски Послушник.

Посебно беа забавни неговите конференции за медиумите по однос на аферата Рекет и аферата на Антонио Милошоски. Колку треба да веруваш за да браниш нешто што не е одбранливо. Затоа за драгиот Хари Локвенец малку логика за аферата Рекет.

Овој пат ќе почнеме од крајот, а тоа значи да дојдеме повторно на почетокот. Крајот е Орце Камчев, а почетокот е Сеад Кочан. Помеѓу нив има уште неколкумина кои со тек на време ќе мораме да ги охрабриме.

Ајде да почнеме прво со логиката и следниве прашања. Зошто Зоран Заев  упорно се труди да ги скрие следниве личности: Анѓушев, Шеќеринска и Ременска? Дали мисли дека истите му мислат добро? Зошто да страда фамилија Заеви комплетно, а овие личности да се пазарат за слободата и мирниот живот?

Продолжуваме со средината. Замисли молим ти се лепо една велелепна фирма од Битола која се вика Друштво за градежништво и услуги ПЕЛИСТЕР Битола ДОО во временски период од 19.12.2017 до 13.07.2018 година направила приход од 9.182.496 на име:

  • Услуга од градежна механизација на повик за РЕК Битола
  • Услуга од ископ на јаглен и јаловина во ПЕ Рудници. РЕК Битола
  • Ископ на Јаглен и јаловина во ПЕ Рудници, РЕК Битола

Во овој период следува конечната пресметка со Сеад Кочан во три правца:

  1. Бркање од РЕК Битола
  2. Бркање од сите нискоградежни зафати кои ги опслужува неговата фирма Трансмет
  3. Гасење на телевизијата ТВ Нова со програма сконцентрирана исклучиво од информативен карактер

Сега да се вратиме на крајот на почетокот пред да дојдеме во средината на голготата на Сеад Кочан.

Неговиот конкурент по копање кој се вика Сиљан Мицевски, а го викаат Циле така би било најсоодветно платил 750.000,00 евра на некоја си бабичка која така милно му соопштила дека Македонија има потреба од домови за стари лица.

Бизнисмен од типот на Сиљан Циле само на сон би дал 750.000,00 евра за проект кој е пренесен само усно. И сега почнуваме со прашања:

  1. Дали Сиљан Мицевски платил поткуп од 750.000,00 евра на бабичка блиска до Боки 13 за да го избрка Сеад Кочан од РЕК Битола и да заработи 20 милиони евра, а Боки 13 со ситнишот пари да формира телевизија?
  2. Дали зетот на Фиат Цановски дал 260.000,00 евра односно платил поткуп за да Фиат го добие спорот со случајот Космос, а во исто време на Боки 13 му е дозволено да лаже дека Велија Рамковски е инвеститор?
  3. Дали Кочо Анѓушев ќе и соопшти на јавноста со кои уцени се однесувал кон Трансмет?
  4. Дали Виктор Грозданов дефинитивно пренел понуда до Сеад Кочан……. (која ќе ја раскаже само кај Горан Момировски во ТВ Алфа)?

Сеад Кочан е најголемиот политички бизнис затвореник само затоа што не сакал со своите браќа да ја даде фирмата која е проценета на 40 милиони приход годишно со над 650 вработени во Трансмет?

Повеќе инфомаци за рекетот врз Трансмет и сите други фирми на netpress.com.mk на 02 Март 2020 година во 14 часот.

Автор: Виктор Грозданов