Другата страна на Спасовски: Ветуваше дека полициските службеници нема да бидат дел од партиски активности, ама негов началник е дел од политички настан

16 дена нè делат од денот на локалните избори 2021 година. Се наоѓаме сред изборна кампања каде што партиите одржуваат митинзи и ги претставуваат своите кандидати за градоначалници.

Најпрво, да потсетиме дека Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи додека беше во опозиција не испушташе можност а да не каже дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ја одвојат партијата од власта. Но тоа бесрамно продолжи да го говори и кога стапи во фунцкија на Министер.

– Треба да се почитува законот и да се забрани секакво учевство на полициските службеници во политичка пропаганда за било која од политичките партии. Тоа е порака која што ја упатувам јавно до сите вработени на Министерството за внатрешни работи, бидејќи тие треба да бидат во служба на граѓаните и во служба на Република Македонија, а не во служба на политичките партии, изјави Спасовски за медиумите во 2017 година, а неговата изјава може да ја погледнете и слушнете во продолжение:

Дали навистина е тоа така ?! Дали Спасовски тоа што пред целиот народ го кажал, го исполнил ?! Одговорот во продолжение докажува едно нешто, а тоа дека Министерот не стои зад тоа што го изјавил !!

На партиски митинг во Кратово,каде што присуствува самиот Оливер Спасовски и е дел од презентацијата на кандидатот за градоначалник на СДСМ во првите редови седи и началникот на ОВР Кратово, Горданчо, а веднаш до него и директорката на градинката!

Како што и тој самиот во 2017 година кажува, треба да се почитува законот односно дека е забрането лица вработени во МВР,лица кои се на високи раководни позиции во МВР да бидат директни учесници во партиски активности.

Се поставува прашањето, дали Министерот мисли дека со ангажирање на структурата на МВР ќе внесе страв и немир кај жителите на Кратово и како тој ќе го оправда ова директно кршење на законот ?!