Дрвокрадец со трактор удрил полицајци

Полицицијата трага по дрвокрадец од тетовско Џепчиште, кој со трактор удрил во полицајци, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 13.30 часот на земјен пат од Џепчиште кон место викано „Џинов камен“. Тогаш полициски службеници сопреле два трактора натоварени со огревно дрво,а управувани од Х.С. и Б.И.(47) двајцата од селото.

Откако биле сопрени, Х.С. искористувајќи погоден момент со задното тркало од тракторот удрил двајца полициски службеници, по што избегал. Полицајците го привеле Б.И., како и А.Ш.(54) од село Јажинце, кој бил на еден од тракторите.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на Х.С. и целосно расчистување на случајот.