Државата како „брза кујна“

Има такво кулинарство, во кое само за дваесет минути мора да бидат подготвени јадења од се и сешто. Учесниците во кујната носат се што ќе им падне на памет и ги малтретираат готвачите.

Патентот за тоа шоу е на холандската продукциска кујна „Ендемол“ позната по реалити шоута, сапуници итн. – потфати за класично идиотство пред гледачите. Во прашање е, значи, не само јадењето, за кое уште древните цивилизации кажале дека индивидуите и народите се познаваат по односот кон храната: подготовка, готвење, начин на јадење. Во прашање е односот кон животот-одговорно, сериозно и со почит или како шоу: исмејувачки и заебантски.

За жал, во Македонија продолжуваме да гледаме на самите себе, на државата и на животот лесноумно, без мисла, неодговорно. Притоа, почетокот на тоа е многу далеку назад во времето. Нашите големи писатели сето тоа го кажале со еден збор: опстојување.

Опстојувањето има позитивна страна, затоа што македонскиот народ во периодот од неколку милениуми го зачувал своето име/идентитет. Истовремено опстојувањето има и негативна страна, бидејќи станува збор за зачувување на името и на вредностите /притоа многу нерамнонерно во разни историски периоди/ во зачувувување во себе, а не промовирање надвор. А, македонските историски вредности не се само за локално користење. Со исклучок на античкиот период, неколку децении при Самоила и кратко време во југословенската федерација, ние опстојувавме наместо да ги афирмираме и чуваме вредностите во светот. Оттука и амбициите на Големите сили и на нашите соседи да ни ги одземат, да ги присвојат како свои. Затоа што не сме ги афирмирале како македонски во широки светски рамки.

Не е чудно дека уште пред осамостојувањето на Република Македонија политичките лидери на другите републики во Југославија се мешаа во нашите работи, нудеа нивни решенија, уценуваа. Така е, бидејќи во периодот 1945-1991 година не покажавме доволно достоинство и национален став. Ете, зашто и по 1991 година продолживме да бараме „големи Браќа“- во ЕУ и во САД. Документите, а и мемоарите на учесниците на собитијата околу осамостојувањето покажуваат како македонската држава се создавала како „брза кујна“- не на национална, а нa партиско-племенска основа. Не со стратегија, не со програма за иднина. Наместо држава, тогаш имавме практично место – раскрсница.

Едни гледаа кон зачувување на Југославија во разни форми, а други за самостојност. Само што и едните и другите немаат свој план ни за едното, ни за другото, туку само гледаат и се прилагодуваат. Едните кон Словенија и Хрватска, другите кон Србија.

И по изгласаната Декларација за суверенитет и независност на Република Македонија /25 јануари 1991 година/, и по Референдумот од 8 септември истата година, продолжува нуркањето во спротивни правци. Се чека – што ќе направи Словенија, што ќе направи Хрватска или пак Србија и БиХ. Никаква самостојност во мислење и дејствување, никаква храброст, никаква спремност да се води борба за народ и држава. А, и кој да ја води таа борба кога, замислете, македонските генерали во состав на ЈНА, наместо да застанат во одбрана на донесените од македонската Влада акти за „раздружување“ од Југославија, бараат тие да бидат повлечени. Во спротиво ќе (ја) окупирале сопствената земја. И премиерот Кљусев ги повлече тие акти, притоа само неколку дена пред Референдумот за независност. Еве ја реконструкцијата: народот се спрема за независност /95 отсто гласаат „ЗА“/, а политичарите калкулираат, се пазарат и (ја) покажуваат (својата) глувчешка природа.

Зошто го спомнувам сето ова?

Од две причини.

Првата е дека политичарите…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.