Државата ќе биде тужена за унитешно здравје поради аерозагадувањето

Невладините ќе ја тужат државата за уништено здравје поради аерозагадувањето. Се сомневаат дека борбата со загадениот воздух е приоритет на Владата поради тоа што за нив средствата кои се определени во буџетот не се доволни, јавува телевизија Телма.

Освен тужба, се закануваат и со граѓанска непослушност. Според нив, малата излезност на протестите против аерозагадувањето не е реален показател на јавното мислење.

Најавуваат дека ќе ги мобилизираат родителите да ги оставаат децата дома и да бојкотираат настава се додека не се најде некакво решение за справување со екстремното загадување.