Државата ќе плати 250.000 евра за една година за да профункционира Законот за јазици

Државата предвидува да потроши речиси 250.000 евра за спроведување на Законот за двојазичност кој минатата седмица беше објавен во Службен весник на Република Македонија само со потпис на претседателот на Собранието, со кој се официјализира албанскиот јазик на целата територија на државата  а со тоа станува и втор официјален јазик после македонскиот јазик.

Во емисијата „Топ Тема“ на Ваша страна заменик претседателот за Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, истакна дека за оваа година предвидени се осум милиони денари за Агенцијата, додека за инспекторатот за употреба на албанскиот јазик седум милиони евра, нагласувајќи дека наредната година можно е овие средства да се зголемат.

За агенцијата за јазици има предвидено осум милиони денари за оваа година, толку колку што имавме можност, има и седум милиони денари за Инспекторатот за да може да профункционираат. За идната фискална година ќе видиме дали ќе останат од претходната или ќе треба да се зголемат, рече Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.