Државата се задолжи нови 26 милиони евра

Министерството за финансии продолжува да ги задолжува македонските граѓани. Државата денес се задолжи за нови 26 милиони евра.

На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,6 милијарди денари (26 милиони евра).

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари по каматна стапка од 0,80%, 12-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 200 милиони денари по каматна стапка од 0,50% и 30-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 900 милиони денари каматна стапка од 4,30%.