Државна лотарија: Договорот со ЕКСПАНДА е потпишан пред две години

143
НовоЛото 7/34 среќно за уште двајца Скопјани
НовоЛото 7/34 среќно за уште двајца Скопјани

Ценејќи го Вашиот медиум и Вашата публика, поттикнати од текстот објавен на вашиот веб портал, на 24.04. 2019, каде е наведенео дека текстот е преземен од веб порталот Лидер, во прилог испраќаме демант, се наведува во дописот од Државна лотарија на Македонија во кој се истакнува дека

„Ценејќи го Вашиот медиум и Вашата публика, поттикнати од текстот, објавен на ден 24.04.2018, каде што се споменува името на Државна лотарија на Македонија („Лотарија на Македонија“) и името на наш деловен соработник, во прилог на точно и комплетно информирање на јавноста, сметаме дека е потребно да појасниме околу напшата соработка со друштвото за производство, промет и услуги ЕКСПАНДА ДООЕЛ – Скопје во интерес на точно информирање на јавноста.

Во интерес на вистината, појаснуваме дека наведениот цитат „Фирма блиска на СДСМ и министерката за одбрана Рамила Шекеринска, станала главен дистрибутер и астапник на ‘Лотарија на Македонија’ на што алудирата на нашата соработка за производство, промет и услуги ЕКСПАНДА ДООЛ – Скопје не кореспондира со фактичката состојба.

Договорот за деловна соработка помеѓу Државна лотарија на Македонија и ЕКСПАНДА ДООЕЛ – Скопје и заведен во архивата на Државната лотаритја на Македонија со архивски број 03.01793/1 од 05.06.2017 година е склучен од претходната раководна структура на Државна лотарија на Македонија назначена и именува од претходната извршна власт.

Воедно Ви укажуваме дека сегашното раководство на Друштвотео е избрано на седница на Надзорниот одбор на 05.08.2017 година и истиот го има наследено овој договор за деловна соработка со склучени права и обврски кои произлегуваат од истиот.

Имено, врз основа на јавен повик за склучување на договор за деловна соработка со правни лица за организирање и контрола на продажната мрежа за уплата на влоговите во игрите на среќа кои ги приредува Државната лотарија на Македонија објавен на ден 19.04.2017 година во електронска форма на веб страната на ДЛМ www.loto.mk и во печатена форма на дневните весници Нова Македонија и Коха, комисијата задолжена за спроведување на постапката изврши оценка на формално-правната валидност на доставената документација во смисла нма исполнување на општите и посебните услови согласно Правилнитеко за условите, начинот и постапката за склучување на договори за деловна соработка на Државна лиотарија на Македонија. Врз основа на предлогот на комисијта донесена е Одлука за избор на најповоленм понудувач со која одлука како најповолен понудувач избрано е Друштвото за производство, промет и ѕуслуги ЕКСПАНДА ДООЕЛ –Скопје“, се наведува во демантот на Државна лотарија на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.