
Државниот секретар Рекс Тилерсон започна да ги прераспределува и отпушта вработените …ваквите одлуки најавуваат голема реорганизација, пишува Си Ен Ен.
Голем дел од вработените во одделот на заменик државниот секретар за управување со ресурси, како и вработени во советничките канцеларии, биле отпуштени, пишува Дејли Калер.
Државниот секретар Рекс Тилерсон направи бум од отпуштања во делот на високите државни службеници, а ова најавува значајна реорганизација на агенцијата, пишува Ју Ес Њуз.
-Додека Тилерсон е во Бон, Германија обавуавајќи ја својата прва прекуокеанска работна посета, неговите помошници поднесоа известување до вработените во канцелариите на Стејт Депарментот како и во канцелариите на Заменикот државен секретар за управување на ресурси. Крајот на нивните работни задолженија требаше да заврши летово, но со оваа одлука 20-на дипломати од кариера останаа без работа, пишуваат американските медиуми.