Државните долгови годинава ќе достигнат 50.000 милијарди долари

60

Агенцијата за изавање кредитни рејтинзи Standard & Poor’s (S&P) предвидува дека во текот на 2019 година државите во светот ќе се задолжат за 7.780 милијарди американски долари, што би било за 3,2 отсто повеќе отколку минатата 2018 година.

Ваквиот скок на задолжувањата на владтите во светот ќе ги доведе кон крајот на годинава ќе ги доведе вкупните државни долгови на ниво од 50.000 милијарди долари (еквивалентно), пренесува Reuters.

„Приближно 70 отсто, или 5.500 милијарди долари од бруто долговите коишто државите ќе ги креираат во текот на оваа година ќе се однесуваат на рефинансирањето на нивните доспеани долгорочни обврски“, вели кредитната аналитичарка во S&P, Карен Вартапетов.

Се проценува, од друга страна, дека на новото задолжување ќе се однесуваат околу 2.300 милијарди долари, што претставува 2,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на државите со рејтинг, додава.

Порастот на вкупниот долг на државите на 50.000 милијарди долари би претставувало зголемување за 6 отсто во однос на 2018 година, а толку силниот пораст делумно е под влијаните на промените на валутните курсови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.