Државјаните на Македонија од 1 јуни може да влегуваат во Србија без да имаат негативен корона тест

Државјаните на Македонија од 1 јуни слободно ќе можат да влегуваат во Србија, без да мора да докажат дека имаат негативен тест на коронавирус.

Ова го објави српската премиерка Ана Брнабиќ, додавајќи дека истото ќе важи и за државјаните на Албанија, Црна Гора и БиХ.

Од 1 јуни почнува да важи слободниот режим на преминување на границата со четири држави во регионот, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Граѓаните на овие земји нема да имаат обврска да докажат дека имаат негативен тест на КОВИД-19. Ова и натаму ќе важи за странците од останатите држави“, изјави Брнабиќ.
Таа нагласи дека кризата со коронавирусот не е завршена, но засега не се планира воведување на нови мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.