Државата да одвои дополнителни 4 денари по килограм за предадена зелка, предлага Трипуновски

-Во изминативе триесетина дена на барање на земјоделците, по вторпат сум во валандовскиот регион каде се произведува зимската и пролетната зелка. И претходниот пат, а и сега повторно упатувам критика за несериозноста на власта и министерството за земјоделство кои ги оставија на цедило земјоделците и не им обезбедија сигурен пласман и загарантирана рентабилна цена, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати, како што рече, предлог решение за да им се излезе во пресрет на земјоделците.
-На сите земјоделци кои имаат предадено зелка во откупен пункт или преработувачки капацитет државата да одвои дополнителни 4 денари по килограм за предадена зелка, а за сите оние кои не успеаја да ја предадат зелката, а ги имаат пријавено површините во министерството, да добијат субвенција на површина што ќе значи компензација за трошокот во производството. Државата треба да се отвори кон земјоделците и да ги намали сите луксузи на државна сметка и тие финансии да ги насочи кон македонските земјоделци, истакна Трипуновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.