Државен кредит од пет милијарди евра за „Рено“

Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер денеска ќе го ратификува државниот загарантиран кредит од пет милијарди евра за помош на производителот на автомобили „Рено“.

– Бруно Ле Мер денеска ќе ја потпише гаранцијата за заем од пет милијарди евра за „Рено“ – соопшти Министерството за економија на Франција.

Министерот „побара веднаш да се отвори социјален и технички дијалог, за да се развие индустриски проект за иднината (…) кој ќе треба да ги гарантира, на долгорочно, и по 2023 година, работните места и нивото на индустриска активност во фабриката во Мобеж“