Државите кои ќе го одлучат победникот на претседателските избори во САД

На возраст од 70 години и седум месеци, во јануари 2017 година, Доналд Трамп стана најстариот претседател на почетокот на неговиот мандат во историјата на САД. Доколку неговиот ривал Џо Бајден победи на 3 ноември, тоа ќе биде нов рекордер бидејќи демократот полни 78 години пред инаугурацијата на 20 јануари. Трамп го сруши рекордот на поранешниот претседател Роналд Реган, кој имаше помалку од 70 години кога ја презеде Овалната соба во 1981 година.

Поранешниот претседател Вилијам Хенри Харисон ја презеде функцијата на 67-годишна возраст во 1840 година. Неговиот мандат беше најкраток во американската историја затоа што почина од пневмонија на неговиот 32-ри ден во Белата куќа. Трамп и Бајден имаат „непопуларен дел“ да бидат најстарите претседателски кандидати. Републиканците Боб Дол и Џон Меккејн беа во раните седумдесетти години кога влегоа во кампања. Сенаторот Берни Сандерс, кој во септември наполни 79 години, ќе ги срушеше сите претходни рекорди доколку победеше на прелиминарните избори на Демократската партија и на крајот да станеше претседател.

Дали Трам ќе биде тој кој го држи рекордот и пак Бајден ќе знаеме на 3 ноември, а ова се држави во кои ќе се одлучуваат за претседателските избори во Америка

Се очекува мнозинството сојузни држави да останат лојални на републиканските црвени слонови или демократските сини магариња на претседателските избори на 3 ноември, така што, како и обично, за изборите ќе одлучуваат оние држави што го менуваат кампот од избори во избори. Победата во одредена земја одредува како ќе гласа изборниот колегиум (електорите) што всушност го избира претседателот. На кандидатот му требаат најмалку 270 од 538 изборни гласови за да победи. Пандемијата дополнително ги комплицира работите бидејќи многумина ги испраќаат своите гласови по пошта оваа година, што може да го продолжи пребројувањето на гласовите. Во најмалку три држави – Пенсилванија, Висконсин и Мичиген, кои заедно имаат 46 електори, конечните резултати може да се чекаат до петок.

АРИЗОНА

Југозападната држава историски била склона кон „црвените“, а Трамп освои 11 изборни гласови таму во 2016 година. Но, анкетите оваа година му даваат мала предност на Бајден. Гласовите испратени од Аризона не се бројат пред денот на изборите.

ФЛОРИДА

Флорида е едно од најважните боишта со 29 електори. Трамп  го освои во 2016 година, а повеќето анкети оваа година му даваат мала предност на Бајден. Во оваа земја, пребројувањето на добиените гласови може да започне пред денот на изборите.

ЏОРЏИЈА

Трамп победи пред четири години во оваа јужна сојузна држава, која обезбедува 16 гласови, но анкетите сега предвидуваат тесна трка. Гласовите почнуваат да се бројат на денот на изборите.

АЈОВА

Трамп освои шест изборни гласови во земјата на Средниот Запад пред четири години, но анкетите покажуваат дека оваа година Трамп и Бајден „си дишат на врат“. Гласовите тука исто така, почнуваат да се бројат на 3 ноември.

МИЧИГЕН

Во 2016 година, Трамп тесно победи во сојузната држава со 16 гласови. Овој пат, Бајден има јасна предност во анкетите на јавното мислење, а пребројувањето на гласовите започнува на денот на изборите.

МИНЕСОТА

Хилари Клинтон ја освои земјата на северот во 2016 година со мала разлика и освои 10 изборни гласови. Анкетите оваа година му даваат на Бајден јасна предност во Минесота, а броењето на гласовите исто така започнува на 3 ноември.

НЕВАДА

Анкетите сепак се малку во корист на демократскиот кандидат. Гласовите во оваа држава почнуваат да се бројат 15 дена пред денот на изборите.

СЕВЕРНА КАРОЛИНА

Трамп освои 15 изборни гласа на југоисточната држава со солидни три гласа разлика пред Клинтон. Анкетите сега предвидуваат тесна трка помеѓу Трамп и Бајден. Гласовите може да бидат преброени пред 3 ноември.

ОХАЈО

Трамп и Бајден се во тесна трка во,а можат да освојат 18 изборни гласови. Трамп победи со огромно мнозинство во Охајо во 2016 година. Гласовите може да почнат да се бројат пред денот на изборите.

ПЕНСИЛВАНИЈА

Трамп ја освои Пенсилванија 2016 година со мала предност, но анкетите покажуваат дека Бајден сега може да освои 20 изборни гласови во таа држава. Гласовите ќе започнат да се бројат само на 3 ноември, па веројатно објавувањето на конечните резултати од претседателските избори ќе се одложи.

ТЕКСАС

Ова републиканско упориште со 38 избирачи инаку не се смета за неодлучна држава. Трамп ја победи Клинтон во 2016 година со 9 гласови разлика. Но, анкетите оваа година му даваат само мала предност пред Бајден. Гласовите по пошта може да се бројат  12 дена пред денот на изборите.

ВИСКОНСИН

Во 2016 година, Трамп тесно победи во земјата на Средниот запад со 10 гласачи. Бајден се очекува да го освои оваа година. Гласовите по пошта не се бројат пред денот на изборите, затоа се очекува одложување на објавувањето на конечните резултати

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.