Државна Лотарија искеширала 14 милиони евра за коцкарски апарати, парите биле „нивни“

Скандалозно потрошени пари и тоа, не за корисни работи за граѓаните, туку за набавка на коцкарски машини! Државна Лотарија на Македонија потрошила неверојатни 13,9 милиони евра за коцкарски слот-машини, а не 6,5 милиони евра, како што претходно беше потврдено од компанијата, која на 2 јануари годинава за таа цел склучила договор со бугарската фирма „Евро Гамес Технологи“ за набавка на 1.500 апарати за коцкање, објавува порталот „Курир“, пренесува НетПрес .

Вистинската сума за набавка на апаратите ја посочува пратеникот Илија Димовски на својот фејсбук профил, кој открива дека Државната лотарија направила два тендера за набавка на коцкарски апарати во рок од 20 месеци.

Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендер за набавка на коцкарски апарати. Првиот пат на 16.04.2018 за 7.422.200 евра, а вториот пат на 02.01.2020 за 6.548.500 евра. Вкупно оваа државна фирма потрошила 13.970.700 евра за коцкарски апарати, пишува Димовски на фејсбук.

Во некои од коментарите на револтираните граѓани се вели : „Народот нема леб да јаде, деца умираат зошто државата нема пари да им плати лекување, ама за коцкарски апарати имаат. Расипничка влада, дно“. „Тоа е перална за пари, мора некогаш да му се стави крај“…

Според неодамнешната изјава на поранешниот директор на Лотарија Дане Кузмановски, ако 6,5 милиони евра од оваа компанија не завршеа на апарати за коцкање, ќе завршеа во државниот буџет, бидејќи државата е сопственик на 51 отсто од Лотарија. Тој рече дека 6,5 милиони евра за 1.500 нови апарати ќе се потрошат за замена на старите со нови апарати за кoцкaњe. А, Вики Чадиковска, маркетинг менаџер во Лотарија, во изјава за медиуми рече дека не станува збор за пари од државниот буџет, туку од заработката на Лотарија.

„Кpитиките на пpaтениците се лaжни вecти за пoлитички цeли“, вели Чадиковска.