Државната администрација ќе се пополнува со Албанци од дијаспората!?

Во државните институции и министерствата почнаа подготовките за усогласување на вработувањата по етничка линија откако министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изработи нов балансер. До институциите стигнато е писмо од министерството во кое се наведува дека во планот за вработувањата од наредната година 31,54 отсто треба да се Албанци.

Новиот балансер, според кој 31,54 отсто од администрацијата треба да се Албанци, Алити го изработи по објавување на податоците од пописот на население. До оваа бројка тој дошол така што на процентот на Албанци кои живеат во земјава (24,3 отсто) го додал процентот на оние кои се запишале како Албанци во дијаспората, уште 5,2 отсто или вкупно 29,54 отсто, а додал и плус два проценти од лицата кои не можеа да се најдат или го бојкотираа пописот лица, па беа административно попишани со вкрстување на податоци и изнесуваат 7,2 отсто.

Владата вели дека побарала само да се тргне непопишното население, односно административно преброено, кое е 7,2 отсто, а од нив Алити пресметал дека 2 отсто се Албанци. Но, дозволува да се вметне дијаспората со што процентот на Албанци во администрацијата ќе биде 29,52 отсто, иако ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението кои живеат на територијата на Република Македонија, пишува „СДК.мк“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.