Државната обвинителка на Њујорк го обвини Трамп и неговите деца за измама

Главната државна обвинителка на американската сојузна држава Њујорк, каде што на власт се демократите, го обвини во средата поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и неговите деца за наводна измама, по тригодишната истрага, според судските документи.

Во тужбата поднесен во судот на државата Њујорк на Менхетен се истакнува дека „ Trump Organization“ учестувала во „бројни измами и лажно претставување“ при подготовките на годишните финансиски извештаи од 2011 до 2021 година.

Како обвинети се наведени „ Trump Organization“, синот на поранешниот претседателот Доналд Трамп помладиот и неговата ќерка Иванка Трамп.

Истрагата на државната обвинителка Летиција Џејмс била концентрирана на тоа дали компанијата на Трано погрешно ја изразила вредноста на своите недвижнини за да добие поволни кредити и даночни олеснувања. Џејмс навела дека со истрагата наводно биле „откриени значајни докази“ дека Трамп и неговата компанија погрешно ги искажале вредностите на бројните недвижнини.

Поранешниот републикански претседател ја негираше вината и истрагата ја оцени како продолжен политички лов на вештерки против него. Приврзаниците на Трамп, пак, оценуваат дека станува збор за обид на демократите да го поправат својот рејтинг пред ноемвриските избори на средина од мандатот за што анкетите покажуваат дека Републиканската партија ќе ги освои двата дома на Конгресот, како и дека сакаат да ја попречат евентуалната кандидатура на поранешниот претседател на изборите во 2024 година.

Тужбата следеше по контроверзната истрага во која демократската обвинителка Џејмс ги обвини во моментов највлијателниот републиканец Трамп, неговата компанија и некои членови од неговото семејство за наводно користење на тактиката на одложување за да го игнорираат судските покани и да го избегнат сведочење.

Трамп на 10-то август одбил да одговори на прашањата во долготрајното сведочење зад затворени врати во канцеларијата на државниот обвинител, повикувајќи се на уставната привилегија против евентуално самообвинување повеќе од 400 пати, според медиумите.

Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп се согласија да дадат изјави по носењето на судската одлука.

Тужбата претставува еден од најголемите правни удари за Трамп, откако замина од должноста во јануари 2021 година.

Федералното биро за истраги (FBI) на 8-ми август изврши претрес без преседан на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида во рамките на кривична истрага за тоа дека наводно незаконски ја зел претседателската документација, меѓу која и доверлива. Одбраната на Трамп вели дека станува збор за документи наменети за претседателот на државата, како и сите негови претходници, од кои била симната ознаката за доверливост а потоа повторно вратена од страна на актуелната администрација.

Демократскиот обвинител и во сојузната држава во Џорџија покрена кривична истрага поради настојувањата на Трамп да ги поништи прогласените резултати од изборите од ноември 2020 година, за кои тој и бројни негови приврзаници сѐ уште сметаат дека му биле украден во полза на актуелниот демократски претседател Џо Бајден.