Државниот совет на Крим ќе избере нов претседател на Владата во октомври

Државниот совет на Крим на 9 октомври ќе избере нов претседател на Влаата на Крим, соопшти денеска регионалниот парламент.

Според законот кој во парламентот се усвои на 30 јули, претседателот на Владата на Крим го бираат членови на Државниот совет од листата на кандидати кои ги предложува претседателот на Русија, 20 дена пред одржувањето на изборите, пренесува Итар тас.

Државниот совет ќе се изјасни за секој кандидат поединчено, а победникот ќе биде кандидат кој ќе добие најмногу гласови.

До изборот на нов претседател на Владата, Сергеј Аксјонов и понатаму ќе ја извршува должноста в.д претседател на владата на Крим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.