Државниот совет на Турција за 17 минути го разгледа прашањето за Аја Софија, одлуката за 15 дена

Турскиот државен совет го одложи во четвртокот носењето на одлуката по барањето за промената на статусот на славната истанбулска катедрална црква „Света Софија“ и нејзино претоврање од музеј во џамија, најавувајќи дека одлуката ќе биде позната во следните 15 дена.

Државниот совет, кое е највисокиот административен орган во Турција, објави дека одлуката ќе биде донесена во рок од 15 дена на сослушувањето кое траело само 17 минути, како што пренесе телевизијата CNN Turk.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја разбранува јавноста во регионот и во светот, со повторуваните оценки дека своевременот претворање на „Света Софија“ во музеј „било грешка“.

Како што објави на 5-ти јуни весникот Hürriyet, Ердоган им наложил на своите советници да направат сеопфатна студија за промена на статусот на Аја Софија музеј во џамија. Истиот ден и портпаролот на Синодот на Московската патријаршија реагираше дека таквата намера предизвикува голема загриженост кај Руската православна црква.

Соборниот храм „Света Софија“ е монументално обележје на византиската архитектура. Изградена е во периодот од 532 до 537 година под ктиторство на императорот Јустинијан, чија замисла била да подигне храм со кој нема да се споредува ниеден друг во светот. Во падот на Византиското царство во 1453 година, црквата во време на Отоманската империја е претворена во џамија. Во 1935 година, по указот на турската влада потпишан од основачот на современата турска држава Мустафа Кемал Ататурк, соборниот храм станал, музеј, а повторно биле исчистени прекриените фрески и живописи. Во 1985 година, храмот е вкличен на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата ги повика турските власти да не го променуваат статутусот на „Света Софија“, додека поглаварот на Вселенската патријаршија, Варталомеј, верскиот челник на околу 300 православни христијани во светот чие седиште е во Истанбул, истакна дека нејзиното претоврање во џамија би ги разочарало христијаните и би создало поделби меѓи Истокот и Западот.

Труски здруженија со години водат кампања „Аја Софија“ да биде претоврена во џамија, а Ердоган кој е посветен муслиман, ги поддржа нивните повиоци пред локалните избори минатата година. Неодманешни анкети покажуваат дека повеќето Турци, откако земјата сѐ повеќе го губи секуларниот карактер, ја поддржуваат промената.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.