Државниот врв на Србија на погребот на поглаварот Иринеј, илјадници верници пред храмот Свети Сава

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј, кој почина пред неколку дена како последици од коронавирус, ќе биде погребан денеска во криптата во Храмот Свети Сава во Белград.

Утрово во девет часот почна литургијата предводна од митрополитот Дабробосански, Хриостом.

На поворката во Свети Сава се присутни државниот врв на Србија на чело со претседателот Александар Вучиќ, ретставници на верски заедници, а пред црквата се собраа и многу верници да му оддадат последна почит на патријархот. Пред храмот е поставен видео бим на кој може да се гледа погребот. Присутна е и полицијата, која ги предупредува граѓаните на почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Српскиот патријарх Иринеј, 45-от поглавар на Српската православна црква, почина како резултат на инфекција со коронавирус во петокот наутро во Воено-медицинскиот центар во Белград.

На 1 ноември, патријархот Иринеј ја водеше литургијата со епископите на Српската православна црква во Подгорица на погребот на митрополитот на Црна Гора Амфилохије, кој почина од ковид-19, а четири дена подоцна беше примен на лекување од инфекција со коронавирус.

Поради смртта на Иринеј, српската влада прогласи трифневна жалост во петокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.